Да почнам да ви раскажам за мојата фрустрација кога пред неколку години се учев како да правам десерти од книги и кога се бараше кондензирано млеко кое кај нас не го увезуваат, постојат милион рецепти во кој кондензираното млеко служи како основа на десертот а се што можев јас да направам е да ги прескокнам тие преубави десерти бидејки немам кондензирано млеко.
Што е најстрашно после тоооолку многу години сеуште немаме кондензирано млеко во државава!!! Но затоа малку истражување е потребно и конечно и таа потреба си ја задоволив кога наидов на рецепт за кондензирано млеко кое е лесно и ПЕРФЕКТНО и уште поважно е дека сега веќе нема граница помеѓу мојот најомилен рецепт за торта од лимета која бара кондензирано млеко во неа.
*Колку поголем % на масленост на млеко толку подобри резултати ќе добиете, јас користев кравјо млеко со 3,5 % масленост.
**Мене ми требаше повеќе кондензирано млеко затоа го дуплирав рецептот но вие ако сакате можете да го следите оригиналниот рецепт. Доколку го направите кондензираното млеко според моите состојки на крај ќе добиете 500 мл кондензирано млеко.
Откако ќе завршите со целиот процес можете веднаш да ја користите смесата топло или да почекате да се лади.
***Рецептот е адаптиран од; http://cookingshooking.in/condensedmilk/
***For the English version check this link. This recipe was adapted by: http://cookingshooking.in/condensedmilk/
Состојки:
- 1 л млеко
- 500 гр шеќер
- 2 прстофати (1.25 гр) сода бикарбона
Друг материјал;
- Тенџере кое не лепи
- Дрвена лажица
Инструкции:
1.) Во длабоко тенџере сипете 1 л млеко и 500 гр шеќер.
На среден оган почнете по малку да ја мешате смесата,
немојте да го напуштите тенџерето бидејки млекото може
да ви претече. После 15 мин. би требало веќе да почнува да
се згусти. Од овој момент натаму мешајте регуларно.
После 30 мин. волуменот на млекот ќе се смали скоро на пола,
продолжете да мешате се додека не добиете еден густ сируп.
Исклучете ја плочата, почекајте 5 мин. смесата да се смири,
додадете 2 прстофати сода бикарбона и мешајте енергично.
Bon Appetite <3
Comments
Post a Comment