Фондантот е многу корисен доколку планирате да ја покриете вашата торта и да и дадете убав облик, но исто така е многу скап доколку го купите готов, затоа се одлучив по втор пат во животот да направам фондант. Прв пат направив фондант пред мнооогуууу години и го следев методот со глицерин што беше многу мачно за правење.
Можете исто така да го пробате методот со маршмелоу или пак варијантата со локум како во мојот случај.
Методот со локум е многу поедноставен и можете веднаш да ја користете смесата истиот ден, единствено што не ми се допаѓа со оваа варијанта е што навистина е тешко да се обои, особено во црна боја!
Сепак сум задоволна како испадна на крај и колку фондантот беше флексибилен за покривање на тортата.
*Фондантот од локум мора да го користете истиот ден, за да не се топи, најдобро е откако ќе ја покриете тортата да ја чувате во замрзнувач се дур не севирате. Можете да го направите фондантот најмногу ден пред тоа.
**Кога ќе го сукате фондантот, обавезно користете хартија за печење како подлога, додавајте шеќер во прав додека сукате за да не лепи.
***Овој рецепт е адаптиран од: http://bir-kase-lezzet.blogspot.mk/2013/04/seker-hamuru-yapimi-lokumdan.html
Состојки:

- 300 гр локум со вкус на ружа
- 3 лажици густин
- 250 гр шеќер во прав
- боја по избор
Инструкции:
1.) Попрскајте ја работната маса со половината од
шеќерот во прав и сечете го локумот во мали парченца.
Почнете да го месите локумот за да се соедини и додадете по
1 лажица нишесте додека месите.
Додадете шеќер во прав за да се соедини.
2.) Штом се соедини разредете малку прехранбена боја со вода,
месете и помалку додавајте се додека не ја добиете
посакуваната нијанса.
Чувајте го фондантот замотан во пластична фолија
за да не се суши.
за да не се суши.
Comments
Post a Comment